На годинашната листа со номинации за Оскар повторно немаше жени номинирани за најдобра режија, ниту филмови режирани од жени во категоријата Најдобар филм.
Размислете и одговорете искрено: дали сметате дека „Bohemian Rhapsody“, сигурниот биографски филм на Брајан Сингер, повеќе ќе го збогати вашиот духовен живот од тензичниот „You Were Never Really Here“ на Лин Ремзи?
Дали најдовте поголема повеќеслојност во „сагата за белиот спасител“ на Питер Фарели „Green Book“ отколку во трансцеденталната поезија на Дебра Граник во „Leave No Trace“?
И дали „Can You Ever Forgive Me?“ беше добар за номинации за Мелиса Мекарти (најдобра женска улога) и Ричард Е. Грант (најдобро адаптирано сценарио), но не беше доволно добар за номинација за најдобар филм, а режисерката Мариел Хелер за најдобар режисер?
Ако одговоривте со „да“, тогаш може да се придружите на листата од 7.902 членови на Академијата за филмска уметност и наука кои одлучија дека и оваа година, ќе номинираат само мажи режисери и филмови на мажи режисери за една од највредните филмски награди на светот.
Кога Натали Портман лани ја претставуваше категоријата најдобар режисер на доделувањето на Златните глобуси, рече: „Еве ги сите номинирани мажи во категоријата“. Портман направи бум, го разбранува морето, ги раздвижи филмските кругови... до кога? И до кога ова ќе биде смешно?
Грета Гервиг беше номинирана за најдобар режисер лани, но беше само петтата жена номинирана за оваа награда во историјата на Оскарите. Никогаш жена од друга раса освен белата не била номинирана за Оскар, а само една жена го има добиено Оскарот за најобра режија – Кетрин Бигелоу.
Некои од вас можеби ќе коментираат: ако повеќе филмови се режирани од мажи отколку од жени, нели тоа се одразува во процентуалните шанси за номинација за Оскар?
Ова до некаде е точно, но не треба да забораваме дека овие награди носат политичка тежина и се знак затоа кој ќе биде подржан од моќното тело, а Академијата е институција што става повеќе акцент на диверзитетот во презентерите на наградите, отколку во номинираните за тие награди.
Според магазинот Dazed Digital, ова се филмовите што требаше да се најдат на листата номинирани за Оскар за најдобар филм:
The Land of Steady Habits (Никол Холофсенер)
Leave No Trace (Дебра Граник)
Let the Sunshine In (Клер Денис)
Madeline’s Madeline (Џозефин Декер)
The Miseducation of Cameron Post (Дезире Акаван)
Nancy (Кристина Клои)
Oh, Lucy! (Ацуко Хирајанаги)
Private Life (Тамара Џенкинс)
The Tale (Џенифер Фокс)
You Were Never Really Here (Лин Ремзи)
А во категоријата Најдобра режија требаше да се најдат: Дебра Граник за „Leave No Trace“, Рунгано Нјони за „I Am Not a Witch“, Џозефин Декер за „Madeline’s Madeline“, Тамара Џенкинс за „Private Life“ и Лин Ремзи за „You Were Never Really Here“.