Филмови во Кинотека за бунтовната ’68

Скопје, 10 септември 2018 (МИА) - Од 17-ти до 21 септември во Кинотеката на Македонија ќе бидат прикажани пет филма за бурните настани во 1968. Програмата е насловена „Филмови за ’68: Половина век од Полов(н)ата револуција“.

Филмската програма идниот понеделеник ќе почне со чехословачкиот игран филм од 1970 година „Случај за неискусниот џелат“ по сценарио и режија на Павел Јурачек.

Во наредните четири дена ќе бидат прикажани и: бугарскиот документарен филм „Агресијата“ од 2015 година во режија на Ана Петкова;  „Сонувачи“ на Бертолучи од 2003 година, копродукција меѓу Велика Британија, Италија, Франција и САД; Избор од журналите на „Филмски новости“ за ‘68 - документарни филмови од СФР Југославија од 1968 година.

Програмата ќе заврши на 21 септември со македонскиот документаен филм „Утопија 1968 - Годината со килибарна надеж“ документарен филм на Никола Т. Калајџиски и Аристид Филактов, снимен оваа година. Филмот е посветен на Јан Палах, кој во знак на протест против советската инвазија врз неговата земја Чехословачка се самозапали во Прага во 1969 година.

Во пролетта и летото во 1968 година се случуваат бурни протести на младите од САД, преку Париз и Берлин, до Прага и Белград, кои ја носат идејата за револуционерна промена на светот како подобро место за живеење.

„Протестите во САД се против учеството во војната во Виетнам, во Париз се бара културна револуција по примерот на Кина предводена од Мао Цедунг, младите во Германија  првпат ги прашуваат родителите колку и како учествувале во нацистичката димензија на земјата, Чехословаците поведуваат национален бунт против догматскиот комунизам предводен од СССР, студентите во Белград се незадоволни од растот на црвената буржоазија и бараат поправеден комунизам... Во поголемиот дел од овие бунтови забележлива е револуцијата за сексуалните слободи и половата рамноправност“, наведува Кинотеката во најавата за филмската програма по повод половина век од ’68.

Проекциите на филмовите ќе почнуваат во 20 чааот. Кинотеката ја организира програмата во соработка со Амбасадата на Чешка во Македонија, Чешкиот центар во Софија и Македонската радиотелевизија.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе