Четири лица се убиени во вчерашната престрелка на улица во Мајами која беше кулминација на потерата што им претходеше на обид за кражба и киднапирање.
Полициски службеници одговориле на пријава на обид за кражба во продавница за накит во Корал Гејблс, западно од Мајами, по минута и пол од пријавувањето.
Крадците, чиј број не е точно познат, почнале престрелка со вработениот во продавницата, кој е застрелан, но не е во смртна опасност.
Потоа грабнале камион на UPS што доставувал пратки во близина и го киднапирале возачот. Оттаму почнала полициската потера што продолжила до Мирамар, што е на околу 20 километри северно оттаму.
Во Мирамар почнала престрелката со полицијата среде улица. Меѓу убиените е и возачот на камион на UPS кого напаѓачите го киднапирале заедно со возилото.
Убиени се и двајца крадци, а четвртата жртва е случаен минувач, потврди специјалниот агент Џорџ Пиро.
„Уште има многу прашања на кои немаме одговори, но работиме на случајот, се обработува местото на настанот, се идентификуваат докази и факти поврзани со кражбата“, соопштии полицијата.
ФБИ исто така работи на решавање на случајот.