Филмско лето: Што ќе понуди програмата на 21. CINEDAYS?

Јули и оваа година е во исчекување на меѓународниот фестивал на европски филм – CINEDAYS, кој годинава се одржува по 21 пат, во термин од 7 до 14 јули и за среќа ќе бидеме „во филм“ цела недела со повеќе од 50 филмови.

Под слоганот „Од високо подобро се гледа“, програмата на 21-от фестивал на европски филм - CINEDAYS ќе ја пресретнуваме низ Скопје на кровот на ГТЦ, на кровот на Дом на градежници, Музеј на современа уметност, Авто киното на Водно, во МКЦ парк, во кино Милениум, Кинотека.

„Околностите изминативе три изданија на фестивалот нѐ принудија да го извадиме платното од неговата предвидлива позиција, да го истражиме градот и годинава ќе видиме како изгледа кино од високо, кино на кров како симболика на нашите фестивалски големи и високи амбиции, со кои правиме програма која често ги надминува човечките и финансиските капацитети. Изборот ни се крововите кои може да соберат доволно публика за филмско прикажување и каде пред и по филмот ќе се ужива во панорамата на Скопје“, истакнува Марга Арсова, програмски уредник на CINEDAYS.

Отворањето и затворањето на 21. CINEDAYS, се во знак на македонските режисерски имиња.

Филмот „Мими“ на Даријан Пејовски својата светска премиера ќе ја има во четврток на отворање на фестивалот, а затворањето на фестивалот е со „Нема да си сама“ на Горан Столевски, кој што го сврте вниманието на светската филмска јавност по премиерата на Санденс. Со прикажувањето на CINEDAYS филмот „Нема да си сама“ го почнува својот живот на Европско тло.

Годинешната програма на CINEDAYS е селекција на Бернд Будер, и во неа ќе видиме светски и македонски филмови и копродукции што „гравитираат“ во неколку нови и веќе познати програмски целини: Официјална селекција, SEE програма, МК Shorts (кратки филмови), Ретроспектива на Фатих Акин, како и Гала програмата на фестивалот во која доминираат филмови од годинешново издание на Канскиот фестивал.  

„Во рамки на фестивалот го лансираме и новиот, Фестивал на кратки жанровски филмови- Крацери - којшто се јави како потреба за прикажување на кратки жанровски филмови досега не застапени на ниту еден фестивал кај нас. Тој ќе ги опфаќа жанровите комедија, научна фантастика, трилер, хорор, еротика, ноар, вестерн, експериментален, ангажиран филм и преку него ќе се направи увид во светската кратка  жанровска програма“, истакна Арсова.

Во рамки на овогодинешната програма го имаме мастер класот на Џон Џост, еден од најплодните и најзначајните американски филмски автори. На мастеркласот ќе се дискутираат и анализираат примери од различни фази на творештвото на Џост, како и извадоци од други филмски дела со цел да се одговори на насловното прашање на мастеркласот: Што е филм и што тоа може да биде?

На Синема форумот, киноприкажувачите од Балканот ќе се дискутираат за своите актуелни предизвици, покрај размената на искуства и знаења кои произлегуваат од контекстите каде тие работат.

Овогодинешното издание има особен настан кој ја бележи костимографијата на филмските платна од 60 – тите до 2000 – тите именувана како „Лошите девојки од филмовите“. Со неа сакавме да дадеме акцент на филмскиот живот во МКЦ кој што бил многу активен и пред постоењето на CINEDAYS. И наместо модна ревија, одлучивме да направиме селекцијата на различни рекреациии на филмски сцени и костими опфатени преку различни формати и визуелизации. Настанот е авторство на Сандра Шевандо, под кураторство на дизајнерот Драган Христов.

Исто така белег на 21 – от CINEDAYS е изложбата на плакати „Филмскиот плакат како визуелна гозба и информативна нарација“ со која се дава на увид приказната за создавањето на фестивалот преку колекцијата на плакати со која располагаме. Плакатите ги најдовме во депото на МКЦ, тие се оригинали примероци  филмската програма која постоела пред воопшто да биде создаден фестивалот.

Mузичката програма на фестивалот CINEMUSIC по втор пат го има Living music project, резиденцијална програма за режисери, композитори и филмски работници која ќе ја води композиторката Дарија Андовска, и во која ќе биде извадена од сенка аудитивната уметност на големите филмски дела.

Покрај тоа, имаме концерти италијанското дувачко трио Fanfara station, Истанбулскиот бенд LALALAR и CV vision од Берлин.

Билетите за CINEDAYS ќе бидат по цена од 200 денари, за сите филмови, освен за филмовите од POP-UP КИНО ( Дом на градежници, МСУ и Авто кино Средно Водно) кои се бесплатни.

Со секој купен билет по проекцијата на филм може да уживате во концертната програма.

Фестивалот е поддржан од Делегацијата на ЕУ, Агенција за филм на РСМ и Град Скопје.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Филм & ТВ

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Read more

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Read more

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе
  • filter

„Кралицата на ботоксот“ позираше во долна облека за магазинот Elle

Читај повеќе

Бијонсе разголена за новиот албум

Читај повеќе