Џенифер Лопес и на 53 години изгледа одлично, а многумина се прашуваат која е тајната на нејзиниот младешки изглед.

Во едно од интервјуата пејачката истакна дека користи маслиново масло за да постигне сјајна и затегната кожа, но изгледа дека лицето не ѝ изгледа баш како што таа се прикажува на социјалните мрежи.
На профилот на TikTok @needthedeets беше објавено видео на кое таа промовира спортски пијалок, а во еден момент имаше мала грешка во филтерот што ја откри вистинската состојба на нејзината кожа.
„Почекајте филтерот да откаже и да ја открие вистинската текстура на кожата на Џеј Ло“, се вели во објавата.
На самиот почеток на видеото нејзината кожа е совршено мазна и сјајна, но во еден момент кога таа се доближува до камерата, токму тогаш се јавува мал, едвај забележлив „пропуст“ кој го открива изгледот на нејзината кожа без филтер.
@needthedeets Did you see that? #jenniferlopez #fyp #fypシ #fypage #foryou #foryoupage #foryourpage #trending #viral #celebrity #entertainment ♬ original sound - NeedTheDeets
„Како скока наназад кога ќе сфати дека филтерот откажал“, напиша еден тектокер, додека друг додаде: „Филтерот откажа во вистинско време“.
Но, имаше и такви кои коментираа дека Лопес изгледа одлично без филтри и дека навистина не ѝ се потребни.
„Поентата на овие коментари е дека сите се согласуваме дека изгледа одлично, а таа сепак одлучува да користи филтри.“