Финале на ЛШ: Киев прескап за навивачите на Ливерпул и на Реал

Киев, 19 мај 2018 (МИА) - Голем дел од навивачите на Ливерпул и на Реал Мадрид одбиваат да присуствуваат на финалето на Лигата на шампионите поради високите цени на хотелите во Киев. Ова е објавено од страна на локалниот украински весник „Вести“.

Финалето од најпрестижниот турнир во Европа ќе се одржи на 26 мај на „Олимпискиот стадион“ во Киев, кој има капацитет од 70.000 места.

Долго пред овој натпревар, локалните хотели ги зголемија цените за тој датум помеѓу 5 и 10 пати.

Според весникот, навивачите на двете екипи престанаа да резервираат билети за финалето, иако нивниот животен стандард е неколку пати повисок од оној во Украина. Фановите на Ливерпул не можат да си дозволат да дојдат или да останат во Украина за титулата во Лигата на шампионите. Тие сметаат дека ова е најскапото финале во историјата и се жалат на измама, пишува „Вести“.

Според англиски навивачи, сместувањето во хотел може да биде 2-3 пати поскапо од летот, а најниската цена за една ноќ во хотел во периодот од 25 до 27 мај е 900 фунти, а за три ноќи варира помеѓу 1.800 и 3.000 фунти.

Властите во Киев, сепак, изјавија дека очекуваат околу 35.000 приврзаници од странство да присуствуваат на натпреварот.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе