Финален трејлер за филмот Knights of the Zodiac

Сагата Saint Seiya добива филмски третман на големиот екран со претстојниот игран филм Knights of the Zodiac кој ќе се прикажува само во кината на 12 мај 2023 година.

Базиран на интернационалната аниме сензација и оригинални приказни и ликови од мангата Saint Seiya на Масами Курумад, ѕвездите на Knights of the Zodiac ги играат Мекенју, Фамке Јансен, Медисон Ајсеман, Диего Тиноко, Марк Дакаскос, Ник Стал и Шон Бин.

Сеја (Макенју), тврдоглав уличен тинејџер, времето го поминува борејќи се за пари додека ја бара својата киднапирана сестра. Кога во една од неговите борби несвесно ќе допре до мистични моќи за кои никогаш не знаел дека ги има, Сеја се наоѓа себеси втурнат во светот на завојувани светци, древни волшебнички учења и реинкарнирана божица на која ѝ треба неговата заштита. Ако сака да преживее, ќе треба да ја прифати својата судбина и да жртвува сè за да го заземе заслуженото место меѓу Витезите на Зодијакот.

Медисон Ајсеман ја игра Сиена, „девојка која се бори со одговорноста да ја искористи моќта на божицата Атена“; Шон Бин го игра Алман Кидо, „регрутер и ментор кој го става Сеја на крајниот тест да стане Витез на Зодијакот; а Фамке Јансен ја толкува Гураад, „лидер на тајна организација која има за цел да ја преземе моќта на божицата Атена“.

Филмот е во режија на Томек Багински по сценарио на Џош Кембел и Мет Стукен и Кил Мареј. Багински беше извршен продуцент на The Witcher, The Witcher: Blood Origin и The Witcher: Nightmare of the Wolf на Netflix.

Погледнете го финалниот трејлер за филмот пред премиерата:

Remote video URL
реклама

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Свиркачи: ЦИА има заловено најмалку 9 НЛО-а, некои неоштетени

Read more

Руски астролог открива кои ќе бидат најнесреќни хороскопски знаци во декември

Read more

Топ 4 најсмртоносни растенија во светот

Read more

Филм & ТВ

Фановите го избраа најомразениот лик од ТВ-серии

Read more

Ема Стоун ветува екцентрична изведба во новиот филм Poor Things

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Бредли Купер со задоволство повторно би глумел во франшизата The Hangover

Read more
 

Сцена

Фановите го избраа најомразениот лик од ТВ-серии

Читај повеќе
  • play_arrow

Ема Стоун ветува екцентрична изведба во новиот филм Poor Things

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Бредли Купер со задоволство повторно би глумел во франшизата The Hangover

Читај повеќе
  • play_arrow

Сè што е погрешно со Barbie

Читај повеќе

Македонската претставничка на детската Евровизија, Тамара Грујеска, заврши на 12-то место

Читај повеќе

Бредли Купер откри каде ги поминува празниците и со тоа ги изненади сите

Читај повеќе

Поранешна манекенка го тужи Ексл Роуз за сексуален напад од пред 34 години

Читај повеќе

Кој би го препознал како студент денес еден од најдобите актери во историјата?

Читај повеќе