Финалето на Лигата на шампионите во 2027 ќе се игра на Метрополитано

Финалето на Лигата на шампионите на УЕФА за сезоната 2026/2027 ќе се игра на стадионот „Метрополитано“ во Мадрид, дом на Атлетико. Оваа информација ја откри претседателот на Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ), Рафаел Лоусан, при обиколката на градилиштето на стадионот „Ла Картуха“ во Севиља.

„Оваа година Шпанија го има финалето на Лига Европа на 'Сан Мамес' во Билбао, а ние исто така го имаме загарантирано финалето на Лигата на шампионите на УЕФА во 2027 година на стадионот 'Метрополитано' во Мадрид. ќе бараме да угостиме и едно европско финале во Севиља, имаме сјајна инфраструктура овде за одлично да го организираме настанот“, истакна Лоусан, пренесува Marca.

Стадионот „Метрополитано“ веќе беше домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2019 година кога Ливерпул го совлада Тотенхем. Лоусан откри и дека стадионот на Атлетико нема да биде домаќин на натпревари од Мундијалот во 2030 година, бидејќи е одлучено домаќин да биде „Местаља“ во Валенсија.

„Метрополитано“ од 2016 до 2022 година беше познат како „Ванда Метрополитано“ поради спонзорствои, а од октомври лани се вика „Ријад Ер Метрополитано“. Но, при натпреварите на УЕФА не е дозволена употреба на имиња на спознори.

реклама

Фудбал

Серија А ги одложи саботните натпревари поради погребот на папата Франциск

Read more

Реал без Мбапе против Хетафе, неизвесен е и за финалето на Копа дел Реј

Read more

Судиска анализа на ФФМ: Голот на Вардар е регуларен, на Силекс не е

Read more

УЕФА подели 233 милиони евра – македонските клубови добија трошки

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ го напушта Милано?

Читај повеќе

Серија А ги одложи саботните натпревари поради погребот на папата Франциск

Читај повеќе

Реал без Мбапе против Хетафе, неизвесен е и за финалето на Копа дел Реј

Читај повеќе
  • play_arrow

Судиска анализа на ФФМ: Голот на Вардар е регуларен, на Силекс не е

Читај повеќе

УЕФА подели 233 милиони евра – македонските клубови добија трошки

Читај повеќе
  • play_arrow

Бизарна врска: Клупската членска цело време го криела времето на смртта на папата?

Читај повеќе

Каква улога ќе има Модриќ во Свонси?

Читај повеќе

Marca: Ал Наср подготвува тим од соништата

Читај повеќе

Барселона без Левандовски против Реал и Интер?

Читај повеќе