Финансиската полиција со кривични пријави против 3 физички и 2 правни лица: Ги фалсификувале и уништувале деловните книги

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички и две правни лица поради основани сомненија дека ги сториле кривичните дела Фалсификување или уништување деловни книги по член 280 ст. 2 од КЗ на РМ, Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 ст. 1 и ст. 2, Фалсификување службена исправа по член 361 ст. 1 од КЗ на РМ и Помагање по чл. 24 од КЗ на РМ.

Првопријавениот И.Б. во својство на службено лице во Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини – Биро за метрологија, заради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело Фалсификување службена исправа по член 361 ст. 1 од КЗ на РМ.

Второпријавениот З.А. во својство на управител на Друштво за производство, трговија и услуги „Тритерол Петрол“ ДООЕЛ Скопје, заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Фалсификување или уништување деловни книги по член 280 ст. 2 и Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 ст. 1 од КЗ на РМ.

Третопријавениот А.З. во својство на управител на правното лице Друштво за трговија, услуги и градежништво „ЛТА Петрол Сервис“ ДООЕЛ Скопје заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Фалсификување или уништување деловни книги по член 280 ст. 2, Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 ст. 1 од КЗ на РМ и Помагање по чл. 24 од КЗ на РМ.

Четвртопријавеното правно лице Друштво за производство, трговија и услуги „Тритерол Петрол“ ДООЕЛ Скопје заради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 ст. 2 од КЗ на РМ.

Петопријавено правно лице Друштво за трговија, услуги и градежништво „ЛТА Петрол Сервис“ ДООЕЛ Скопје, заради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 ст. 2 од КЗ на РМ.

Имено, второпријавениот во својство на управител на четвртопријавениот правен субјект Друштво за производство, трговија и услуги „Тритерол Петрол“ ДООЕЛ Скопје во декември 2022 година, изготвил документи со невистинита содржина за наводна набавка на резервоари за нафтени деривати, помогнат од третопријавениот, ги употребил во правниот сообраќај на начин што преку петопријавениот правен субјект „ЛТА Петрол Сервис“ ДООЕЛ Скопје ги доставиле до Биро за метрологија заради вршење на верификација на истите.

Првопријавениот во својство на службено лице во Биро за метрологија изготвил табели за зафатнина на резервоари во сопственост на четвртопријавениот правен субјект во кои внесол невистинити податоци со што извршил фалсификување службена исправа која му ја ставил на располагање на второпријавениот .

Со внесувањето на невистинитите податоци во службените исправи кои ги изготвил, првопријавениот му овозможил на второпријавениот да ги употреби овие невистинити документи во понатамошната постапка за зголемување на капацитетот на складот за нафтени деривати што му било потребно за продолжување на лиценцата за вршење на енергетска дејност Трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, заради усогласување со Законот за енергетика и прописите и правилата донесени врз основа на истиот.

Со вака преземените дејствија пријавените ги сториле кривичните дела Фалсификување или уништување деловни книги по член 280 ст. 2 од КЗ на РМ, Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 ст. 1 и ст. 2, Фалсификување службена исправа по член 361 ст. 1 од КЗ на РМ и Помагање по чл. 24 од КЗ на РМ.

реклама

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

ЕУ воведува систем за следење на километражата на половните автомобили

Read more

Додатоци што не треба да ги земате со кафе

Read more

Хроника

Двајца малолетници нападнати од насилници со фантомки кај стадионот Борис Трајковски

Read more

Во домот на судија од Апелација пронајдени соѕидани 350.000 евра

Read more

На „Богородица“ откриени службени пиштоли украдени од обезбедувањето на ЈП „Паркови и зеленило“

Read more

Скопјанец им се заканувал на сопругата и ќерките дека ќе ги убие и запали

Read more
 

Вести

Кина соопшти дека е поканета да се приклучи на „Одборот за мир“ на Трамп

Читај повеќе

Болсонаро планира да си ја намали затворската казна со читање книги

Читај повеќе

Вдовицата на Чарли Кирк бара брзо судење за убиството на нејзиниот сопруг

Читај повеќе

Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја

Читај повеќе

Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег

Читај повеќе
  • play_arrow

Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Читај повеќе

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Читај повеќе
  • play_arrow

Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Читај повеќе

Двајца малолетници нападнати од насилници со фантомки кај стадионот Борис Трајковски

Читај повеќе