Финансиски хороскоп за 2023: Кој ќе заработи, а кој ќе мора да штеди?

Финансискиот хороскоп за 2023 година открива кои знаци одлично ќе заработат, а кои знаци треба да внимаваат на трошоците.

Ѕвездите нема да бидат подеднакво поволни за сите. Дознајте дали сте меѓу оние кои ќе се збогатат во 2023 година или пак неповолните околности ќе ве принудат да штедите.

Овен

До средината на мај ќе уживате во поддршката на Јупитер, па финансиската состојба нема да ви биде лоша, но од јуни фианнсиската состојба ќе се прероди. Иако одлично ќе заработувате, внимавајте да не се занесете премногу. Не трошете ги парите само на забава и лични задоволства.

Бик

Пред Биковите е поволна година на сите полиња, вклучително и на финансиски план. Напролет ќе им се зголемат финансиските апетити, па повеќе ќе се вклучат во напредување или пронаоѓање на подобро платена работа. Нема да се плашат од промени, а смелоста и самодовербата ќе им отворат големи можности.

Близнаци

Многу Близнаци во првите месеци од годината ќе ја подобрат финансиската состојба или преку зголемување на платата или со наоѓање дополнителен извор на приходи, а можна е и да се појави некое наследство. По пролетта околностите се менуваат, па до крајот на годината ќе се жалат на нестабилни услови. Рационализирајте ги трошоците и внимавајте на небезбедните инвестиции.

Рак

Иако почетокот на годината нема да биде ветувачки, со доаѓањето на пролетта ќе забележите дека полека сè си доаѓа на свое место. Ќе дојдете до парите што ви припаѓаат, можеби некој ќе си го врати долгот. Многумина ќе се здружат со пријател и ќе започнат бизнис кој ќе биде добар извор на приход. Во летните месеци можно е зголемување на трошоците.

Лав

Оваа година ќе бидете дарежливи, но финансиските околности нема да ви бидат поволни за да ви овозможат луксузен живот. Ќе трошите повеќе, а таквиот пристап може да доведе до долгови. Размислете да заштедите и смислете рационален план за трошење.

Девица

Пред Девиците не е поволна година, но нема да им оди лошо на финансиски план. Првиот дел од годината за некои ќе доносе профит од некоја инвестиција или наследство, а особено е изразен бенефитот од долгорочните вложувања. За други, работата во странство ќе обезбеди можност да го подобрат домашниот буџет.

Вага

Во првиот дел од годината Вагите можеби нема да бидат задоволни со приходите, но по јули ќе им се отвори можност да заработат од паметна инвестиција. Можен е да остварат профит од наследство или продажба на недвижен имот. Следната година ќе им донесе можност да се ослободат од долговите и да ја подобрат финансиската состојба.

Скорпија

Во март, Скорпиите ќе забележат подобрување на работите. Ќе успеат да подмират стари долгови и ќе исплатат кредити, по што ќе почувствуваат олеснување. Воедно ќе им се отвори можност да напредуваат во работата или да најдат дополнителен извор на приходи. Есента за нив ќе биде поволна за нови инвестиции.

Стрелец

Периодот до јули ќе биде релативно поволен, но остатокот од годината ќе бара малку да се стегнат на финансиски план. Ќе им се појават непредвидени трошоци, па ќе сфатат дека секогаш треба да имаат некој денар на страна за црни денови.

Јарец

Јареците ги очекува финансиски плодна година. Можеби на почетокот не изгледа така, но со доаѓањето на пролетта ќе забележат дека финансиската состојба им се подобрува. И самите ќе одговараат за тоа, бидејќи повеќе ќе се ангажираат и ќе започнат дополнителни бизниси од кои ќе заработат многу пари.

Водолија

Пред нив е финансиски тешка година. Околностите ќе ги наведат да ги променат навиките за трошење и да почнат да штедат повеќе. Ќе се откажат од некои луксузи, но нема да им биде тешко бидејќи ќе се задоволат со постигнатата заштеда. Во текот на летото можни се непредвидени трошоци.

Риби

Првата половина од годината ќе биде доста плодна за Рибите. Јупитер на полето на финансиите носи поволни можности за заработка. Оваа година има големи шанси Рибите да најдат дополнителен извор на приход или подобро платена работа.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Живот

Колку често треба да се перат пижамите?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како брзо да проверите дали на вашите растенија им треба вода?

Read more
 

Магазин

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе
  • filter

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Читај повеќе

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Читај повеќе

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Читај повеќе
  • play_arrow

Како брзо да проверите дали на вашите растенија им треба вода?

Читај повеќе

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Читај повеќе

Три начини како лесно да ги исчистите четките за шминкање

Читај повеќе