Финска денеска и официјално стана 31-ва членка на НАТО.
Министерот за надворешни работи на Финска, Пека Хависто, го потпиша пристапниот документ и му го предаде на американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Наскоро во седиштето на Алијансата се очекува да биде подигнато финското знаме.