Свет

Фиренца: Казни за туристи кои ќе јадат на улица

6. септември 2018 - 11:06 | МИА

Фиренца, 6 септември 2018 (МИА) - Властите во италијанскиот град Фиренца, кој е магнет за туристи, ќе воведат казна за посетителите кои од 12 до 15 часот и од 18 до 22 часот ќе одлучат да јадат по тротоарите, улиците и на праговите на јавните објекти.

За прекршителите казната ќе изнесува до 500 евра. Забраната стапува во сила оваа седмица и ќе се однесува на одредени улици во „градот на ренесансата“, како што се, на пример, оние близу музејот Уфици.

Забраната ќе важи до 6 јануари 2019, кога официјално завршува туристичката сезона во Италија.

Туристите во Фиренца својот оброк често го консумираат по улиците, за да не плаќаат во угостителските објекти.

Коментирај