Фирентински ролат лазања

Оваа ролат лазања е одлична ако сакате да изедете помала порција, а остатокот лесно можете да го зачувате за наредниот ден.

Паста на фирентински начин подразбира паста без месо. Таков е и овој рецепт за ролат лазања со спанаќ. Напомена: ова не е стандарден италијански рецепт, туку е американски.

Потребни состојки:
  • 16 ленти за лазања
  • 2 лажички маслиново масло
  • 1 голем кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2½ лажици брашно
  • 1 л млеко
  • сол
  • бибер
  • 450 гр кашкавал
  • 450 гр спанаќ
  • 60 гр моцарела
  • ⅛ лажичка мелено морско оревче
  • 1 големо јајце
  • 60 гр пармезан
Подготовка:

Ситно исечкајте ги кромидот и лукот, изрендајте го пармезанот, моцарелата исечкајте ја на парчиња, а спанаќот измијте го, исушете го и исечкајте го.

Ставете тенџере со солена вода да зоврие, а рерната загрејте ја рерната на 218°C. Садот за печење премачкајте го со масло. Гответе половина од тестенините за лазања во врела вода додека не омекнат, околу 8 минути. Префрлете ги во поголем сад со ладна вода. Повторете со преостанатите ленти тесто. Исцедете ги и наредете ги лентите тесто во еден слој на чисти кујнски крпи. Покријте со пластична фолија за да спречите сушење. Оставете настрана.

Загрејте го маслото во голема тава на средна топлина. Додадете го кромидот и лукот и пржете, мешајќи, додека не омекнат, околу 5 минути. Од смесата со кромид и лук тргнете на страна 60 гр. Додадете го брашното во смесата со кромид и лук оставена во тавата и пржете со постојано мешање 1 минута. Постепено изматете го млекото, вратете на тивок оган и варете, мешајќи, додека не се згусне до конзистентност на густ крем, 3 до 4 минути. Тргнете од оган и зачинете со сол и бибер. На дното на подготвениот сад за печење ставете 120 гр од сосот. Оставете настрана.

Свежиот кашкавал изматете го во блендер додека смесата не стане мазна. Додадете 60 гр од смесата со кромид и лук што ја зачувавте, како и спанаќот и моцарелата, па блендирајте додека не се исечка ситно. Зачинете со сол, бибер и морско оревче. Додадете го јајцето и изматете убаво за да се соедини.

На 1 лента тесто намачкајте околу 3 лажици од смесата од спанаќ. Цврсто мотајте и ставете со завршетокот надолу во подготвената тава. Повторете со преостанатата смеса од тесто и спанаќ. Со преостанатиот сос рамномерно прелијте ги ролатите и посипете со пармезан.

Печете ги ролатите, непокриени, додека не поруменат, 25 до 30 минути. Пред да сервирате оставете да се излади 5 минути.

Тагови
реклама

Прегазени двајца малолетници на „Партизанска“ во Скопје

Read more

Објавена првата голема временска прогноза за летото: Што нѐ очекува?

Read more

Сијарто: Случајот со Северна Македонија е типичен пример за двојните стандарди на ЕУ

Read more

Италија се откажа од Starlink поради Маск

Read more

Рецепти

Фокача од течно тесто со модар патлиџан и сирење

Read more

Совршено подготвен модар патлиџан: Елиминирајте ја горчината и подобрете го вкусот

Read more

Ви се јаде гиро, ама постите? Има решение

Read more

Едноставно Дубаи чоколадо со урми и ф'стаци

Read more
 

Магазин

Што се случува во телото ако јадеме јагоди секој ден?

Читај повеќе

Диететичарите откриваат кое месо е најдобар извор на протеини

Читај повеќе

Koja e идеалната температура за перење на постелнината?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 24 до 30 март

Читај повеќе
  • play_arrow

Фокача од течно тесто со модар патлиџан и сирење

Читај повеќе

Што ќе се случи ако еден месец не јадете шеќер?

Читај повеќе

Зошто не се препорачува сировите јајца да се мијат со вода?

Читај повеќе
  • filter

Азиски мултимилијардер ќе ги реновира Титовите Хаваи кај Дубровник

Читај повеќе

Совршено подготвен модар патлиџан: Елиминирајте ја горчината и подобрете го вкусот

Читај повеќе