Фит и во форма: Дали имате кондиција колку вашите врсници?

А.С.
/ 23.01.2022 / 16:12

Со редовно вежбање, здрава исхрана, откажување од лошите навики и водење грижа за нашето ментално здравје и благосостојба ќе живееме порелаксиран живот и ќе бидеме покорисни за себе и за околината.

Здравиот начин на живот и физичката активност не треба да бидат кампањски зафати пред годишните одмори, бидејќи тоа не носи никакви трајни резултати и само дополнително го изморува и старее телото.

Треба да најдете начин на исхрана и режим на вежбање што ви одговара на вашето темпо на живеење и да почнете да водите подобра грижа за себе и вашето семејство.

Личниот тренер Фаја Нилсон објаснува кое е нивото на физичка подготвеност што треба да можеме да го оствариме на одредена возраст, што би било одраз на нашата форма и кондиција.

Во 20-тите

Ова е најдобро време за „вложување“ во коските. Во овие години телото е силно и отпорно. Дваесеттите се најдобро време за билдање кондиција. На оваа возраст би требало без проблем да може да истрчате 10 километри за еден час и да си ги дофатите ножните прсти со дланките во еден потег.

Исто така би требало да може да одиграте една партија баскет, фудбал, тенис и слично со вашите пријатели, без да бидете целосно исцрпени и неспособни во наредните неколку дена.

На овие години треба да работите на забрзување на метаболизмот, подобрување на држењето на телото и зголемување на мускулната маса.

Во 30-тите

Во оваа деценија телото почнува да губи мускулна маса. Луѓето во нивните 30-ти обично поминуваат многу време во канцеларија и во седење, што дополнително води кон губење на тонусот на мускулите и лошо држење на телото.

За да се борите против овие последици на стареењето треба да пешачите секој ден. Идеално би било да го почнувате денот со кревање тегови, а во неделната рутина вметнете пилатес или јога за да ги зацврстите мускулите во торзото.

Во 30-тите би требало да можете да одработите еден HIIT тренинг од четири минути, да издржите страничен пленк од една минута и да направите основни јога пози.

Во 40-тите

Жените во четвртата деценија имаат поголем ризик од компликации предизвикани од кршливи коски, во споредба со мажите.

Нивото на хормонот естроген кој ги штити коските, нагло почнува да се намалува кога жената ќе влезе во менопауза, поради што поголеми се шансите за појава на остеопороза. За среќа, жените кои редовно вежбаат може да го спречат ова.

Во 40-тите би требало да можете да направите 10 склека во минута, 20 длабоки исчекорувања во минута и да пливате половина час без да се уморите.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Фит

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more

Најдоброто време од денот за вежбање: Го намалува ризикот од рана смрт за 61%

Read more

Зошто е поважно да одржувате кондиција, отколку да слабеете?

Read more

Колку јаглехидрати треба да консумирате дневно ако сакате да изгубите тежина?

Read more
 

Магазин

Taste Atlas објави листа на најдобрите сирењња во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да рециклирате пластични шишиња дома?

Читај повеќе

8 секојдневни намирници што помагаат да се подобри здравјето

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа животот во државата која официјално не постои?

Читај повеќе

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Читај повеќе

Едноставна промена на животниот стил може да го намали крвниот притисок

Читај повеќе

Зошто често се чувствувате уморни во текот на денот?

Читај повеќе

Колку често мажите и жените помислуваат на секс?

Читај повеќе

Стјуардеса откри како ги „казнуваат“ патниците кои не сакаат да го отстапат седиштето на дете

Читај повеќе