Фит трудница: Совети за вежбање за време на бременоста

А.С.
/ 27.04.2023 / 10:46

Редовното вежбање за време на бременоста е важно и за мајката и за бебето. Сепак, не треба да претерувате.

Ако вашиот лекар ви дал зелено светло, може да вежбате и така да ја намалите болката во грбот, да го контролирате зголемувањето на тежината и да го намалите ризикот од гестациски дијабетес, прееклампсија или породување со царски рез, велат експертите.

Секако, без разлика кое е вашето ниво на фитнес, важно е да намалите со интензитетот на вежбање и да го слушате сопственото тело, советуваат лекарите.

Намалете ја тежината на теговите

Истражување објавено во списанието Physical Activity and Health открива дека жените кои кревале тегови три пати неделно по половина час, помалку се соочувале со хипертензија и дијабетес, во споредба со оние кои не правеле вакви вежби.

Сепак, намалете ја тежината што нормално ја кревате, немојте да го задржувате здивот или да го кревате тегот до точка на напнување, бидејќи така создавате дополнителен притисок во пределот на стомакот.

 

Внимавајте на напорот

Во бременоста доаѓа до бројни промени во телото, па следењето на бројот на отчукувања на срцето не е најдобар начин да утврдите дали вежбате премногу напорно.

Ако ви треба повеќе од една минута за да го смирите дишењето или за да може нормално да разговарате, намалете го интензитетот на вежбањето.

 

Заборавете на стомачните вежби

Во бременоста не се фокусирајте на вежби за стомакот, бидејќи не ви се потребни. Тие може да направат поголема штета отколку корист. На бебето му треба простор да расте, а со стомачни вежби се прави притисок на тој дел од телото што веќе е изложен на стрес.

Подобро е да правите „чучњеви“ или исчекорувања во кои не го форсирате стомачниот дел, а сепак го стегнувате задникот.

Одморете од вежбите со висок интензитет

Овие вежби не се штетни за бебето, туку може да ѝ предизвикаат проблеми на идната мајка. Поради начинот на кој се изведуваат, може да предизвикаат запек или слични проблеми.

ВАЖНО: За време на бременоста не смеете да вежбате ако чувствувате болка (особено во градите), ако имате вртоглавици, главоболки, вагинално крварење или чувствувате болни контракции, слабост во мускулите или отекување на телото.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Фит

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more

Редоследот по кој ја јадете храната може да ви помогне да не се здебелите

Read more

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more

Најдоброто време од денот за вежбање: Го намалува ризикот од рана смрт за 61%

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе