Редовната физичка активност ви помага да се одржувате во форма, да имате повеќе енергија и да изгледате помладо.
Тоа не значи дека некои од нас не прават грешки во целиот систем на вежбањето поради кои се соочуваат со проблеми. Некогаш тие проблеми се фактот дека не гледате резултат од вежбањето, немањето напредок, но некои фитнес грешки и ве остаруваат.
Проверете дали правите некоја од овие грешки и вратете се на правилниот пат на здравиот и активен живот:
Немате добро држење на телото
Без разлика колку време поминувате на патеката за трчање или во теретана, ако немате исправен грб додека вежбате, целиот труд ќе ви биде залуден. Лошото држење на телото не само што може да ви предизвика здравствени проблеми, прави да изгледате постаро и уморно.
Целосно сте зависни од кардио вежби
Кардио вежбите се одлични за слабаеење, но премногу кардио може да биде лошо за телото. По одредена возраст, ако вашите мускули и коски не добијат доволно вежби за сила, почнуваат да покажуваат знаци на трошење и слабост, а тоа се одразува на вашиот целосен физички изглед. Два пати неделно вметнете тренинг за сила во вашата рутина, а еднаш неделно вежбајте јога.
Постојано сте во теретана
Деновите за одмор се подеднакво важни и неопходни како и деновите за вежбање. На вашето тело му треба време за одмор и закрепнување за да може да зајакне и да биде подготвено за напредок во вежбањето. Превежбувањето може само негативно да се одрази и нема да ви ги донесе саканите резултати побрзо. Ќе изгледате уморно, а со тоа и постаро.