Фитнес совети за почетници: Како да се подготвите за првиот тренинг?

М.С.
/ 08.07.2020 / 15:19

Доколку сте решиле активно да се занимавате со физичка активност, треба да знаете дека тоа обично подразбира и темелна промена на начинот на живот и откажување од лошите навики.

Ова се неколку корисни совети кои ќе ви помогнат доколку сте почетник во теретана.

Направете го првиот чекор

Можеби порано не сте се занимавале со спорт па ви се потребни фитнес совети за почетници, но и мотивација. Во тој случај многу е важно да поставите цел. Најдобро е да тренирате во група или со фитнес тренер кој ќе ви направи детален план за вежбање и исхрана.

Не се форсирајте на почетокот

Започнете со полесни вежби за да не добиете воспаление на мускулите. Резултатите се забележуваат дури по неколку недели, но упорноста се исплати.

Комбинирајте ги вежбите

Не прескокнувајте го загревањето на телото пред да започнете со тренинг. Исто така, пред тренингот за раце и грб може да вметнете и лесни кардио вежби.

Разговарајте со вашиот лекар

Доколку подолго време сте биле пасивни поради некој здравствен проблем, разговарајте со вашиот лекар за тоа кој вид на тренинг е добар за вас. На почетокот вежбајте 10 до 15 минути дневно, следете ги советите на лекарот и фитнес тренерот.

Внимавајте на исхраната и пијте вода

Исхраната е клучна доколку сакате да постигнете резултати. Се препорачува вашиот фитнес тренер да ви направи детален план на исхрана за да знаете што треба да јадете повеќе, а која храна треба да ја избегнувате. Исто така, два часа пред тренинг испијте 2-3 чаши вода, а по завршувањето на тренингот пијте вода на 10-20 минути.

Може да го погледнете и видеото на д-р Ентони Балдузи со 5 корисни совети за почетници.

Remote video URL
реклама

Фит

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе