Фитнес тренер препорачува три јаглехидрати за здраво слабеење

А.С.
/ 10.10.2024 / 09:12

Јаглехидратите често имаат „лоша репутација“ кога станува збор за слабеење, но не сите јаглехидрати се одговорни за зголемување на телесната тежина.

Изненадувачки, некои јаглехидрати може да бидат клучни за обезбедување на енергија, поддршка на метаболизмот и согорување на мастите.

Има многу различни видови јаглехидрати и со паметно избирање, не само што можеме да изгубиме тежина, туку и да ги задоволиме нашите желби за храна.

Фитнес тренерот со неколку стотици илјади следбеници на TikTok, Трент Харисон, откри три извори на јаглехидрати кои „не ги јадеме“ доволно, кои всушност се „неверојатни“ за слабеење и можат да ни помогнат да ги изгубиме мастите „без напор“. Еве ги неговите три препораки.

1. Тортиљи од интегрално пченично брашно

Неговиот прв избор се тортиљите од интегрално пченично брашно.

„Обожавам да ги јадам со јајца“, истакнува тренерот, пренесува SheFinds. Тој додаде дека се одлични за појадок.

„Овие тортиљи содржат 12 грама влакна по тортиља. Причината поради која сакате јаглехидрати богати со влакна е затоа што влакната даваат повеќе енергија и ве одржуваат сити подолго време“, објаснува Харисон.

2. Сладок компир

Слаткиот компир е уште еден препорачан извор на јаглехидрати. Сладок вкус и богат со влакна, одличен е за одржување на енергијата во текот на денот и поддржува здраво слабеење.

3. Овошје

„Сакам да грицкам овошје цел ден помеѓу оброците“, вели тренерот.

Најдобрите плодови за здрав извор на јаглехидрати се оние богати со влакна, витамини и минерали. Исто така, важно е да изберете овошје со ниска содржина на шеќер. Зрнесто овошје, јаболка, круши и банани се само некои примери. Овие извори обезбедуваат комбинација од влакна и витамини и содржат јаглехидрати кои се вари побавно, што може да помогне за ситост и здраво управување со тежината.

реклама

Доктор открива техника што им помага на мажите да издржат подолго во секс

Read more

Зошто на електричните автомобили им се празни батеријата додека се паркирани?

Read more

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Read more

Почнаа воени вежби на САД и Јужна Кореја, Северна испали ракети

Read more

Фит

Како да ослабете со медитеранска диета? 

Read more

Дали е задолжително да се истегнете пред тренинг?

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more
Машки свет: Вежбајте седум минути наутро за совршен ден

Машки свет: Вежбајте седум минути наутро за совршен ден

Read more
 

Магазин

Што се случува во вашето тело кога земате витамин Ц и Д заедно?

Читај повеќе

Ви недостига McDonald’s? Имаме рецепт за совршен Big Mac

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Чудо во Долината на смртта: Пустината расцвета по 10 години

Читај повеќе

Хороскоп за петок 13-ти: Што му носи на вашиот знак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Доктор открива техника што им помага на мажите да издржат подолго во секс

Читај повеќе

Дали менструалното крварење може да предизвика анемија и замор?

Читај повеќе

Кои пијалаци се најштетни за бубрезите?

Читај повеќе

Што е микроневерство и колку е опасно?

Читај повеќе

Како да препознаете дали имате опасна мувла во клима-уредот?

Читај повеќе