Фит

Фитнес трикови што ќе ве одржат во форма

15. мај 2017 - 12:20 | А.С.

Истражувањата покажале дека жените вежбаат помалку од мажите. Експертите укажуваат на неколку практични вежби што може да ги правите и во кревет, а ќе ви го подигнат нивото на енергија и ќе ви помогнат да ја одржите линијата.

Во лежечка положба истегнете се од глава до пети како мачка за да ги разбудите телото и мозокот. Потоа свиткајте ги нозете во колената и кревајте ја карлицата нагоре додека не почувствувате затегнатост во задниот дел од нозете.

Додека чекате да ви се стопли водата за кафе, раширете ги стапалата во висина на колковите, склопете ги дланките и истегнете се кон таван со дланките свртени нагоре.

За подобра рамнотежа, застанете на една нога додека се миете заби, менувајте ги наизменично на 20-30 секунди.

Правете „чучњеви“ додека ја виткате/пеглате/собирате косата.

Додека стоите и чекате автобус, лифт или ред во пекарница, стегајте ги мускулите на задникот или кревајте се на прсти за да ги затегнете тие мускули.

Додека зборувате на телефон станете и прошетајте низ канцеларија.

Скокнете го лифтот и почнете да одите по скали, и дома и на работа.

Додека седите во канцеларија направете ја оваа едноставна вежба: седете на работ на столицата и испружете ги нозете напред. Истегнете се нанапред и обидете се да ги дофатите ножните прсти. Останете во таа положба 10 до 20 секунди и потрудете се грбот да ви биде рамен.

Еве уште една вежба за во канцеларија: од истата положба, кревајте ги испружените нозе од подот до висина на карлицата и останете во таа положба до три секунди.

За убаво обликувани раце, фатете ја столицата од двете страни во седечка положба, испружете ги нозете напред и подигнете го целото тело само со задниот горен дел на рацете.

Коментирај