Ана Давидова е шампионка на Сибир во ритмичка гимнастика и основач на студио за истегнување во Иркутск. Во нејзиното студио нуди четири видови тренинг, а има и простор за масажа и релаксирање.
Ана тврди дека истегнувањето е многу важно за сите, не ги оптоварува зглобовите, ја подобрува циркулацијата на крвта, спречува повреди и го подобрува расположението. Смета дека вежбите за истегнување и тренинзите помагаат кај психички блокади и справување со емоционалниот стрес.