Хроника

Физички напади врз двајца скопјани

11. август 2018 - 13:10 | МИА

Скопје, 11 август 2018 (МИА) - Група од 10 до 12 непознати лица синоќа физички го нападнале С.Н. (27) од Скопје на булеварот „Крсте Мисирков“ при што се здобил со телесни повреди.

Минстерството за внатрешни работи информира синоќа во 23:10 часот во Полициската станица Бит Пазар, С.Н. (27) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 22:00 часот на бул. „Крсте Мисирков“ физички бил нападнат од 10 до 12 непознати лица, при што му биле нанесени телесни повреди.

Напад во полицијата пријавил и А.Ф.Ш. Според информациите од МВР А.Ф.Ш. (25) од Скопје утрово во 4:25 пријавил во Полициската станица Карпош дека истиот ден во  03:20 часот пред дискотека во Градски Парк физички бил нападнат од две непознати лица, кои дошле со патничко возило.

Се преземаат мерки за расчистување на двата случаја.

Коментирај