Тајсон Фјури со месеци го држи светот на врвниот бокс во некаква заложничка криза бидејќи не може да се договори за нов противник, иако во исто време јавно прозива разни борци, од ММА легендата Џон Џонс до Џанг Џилеј и Демпси Меккин.

Сега тој повторно се сврте кон сонародникот Ентони Џошуа бидејќи тоа е „борба што сите сакаат да ја гледаат“, вклучително и самиот Фјури.
Фјури тврди дека тој веќе му го испратил договорот и сè што треба да направи Џошуа е да го потпише.
„Пред неколку дена му испратив договор на Ентони Џошуа за борба во септември на Вембли. Тоа е борба која сите сакаат да ја видат, вклучително и јас. Еј Џеј, ајде да му дадеме на светот она што сите сакаат да го видат", изјави Фјури, кој моментално не преговара ниту со Олександр Усик, со кого требаше да се бори за обединување на сите појаси, но дојде до негодување во распределбата на парите.
Но, Џошуа веќе договорил борба со Дионтеј Вајлдер во декември и наводно размислува за полесна загревачка борба во текот на летото. Сепак, не е невозможно Џошуа да го откаже договорот бидејќи би заработил неспоредливо повеќе од борбата со Фјури.