Фјури откачи бидејќи никој не сака да се бори со него

Тајсон Фјури збесна на својот Instagram профил откако сфати дека не може да најде противник за следната борба.

 

Шампионот на WBC во тешка категорија, Тајсон Фјури, веќе некое време не може да ја закаже својата следна борба во боксерскиот ринг, што предизвика гнев кај Британецот.

Предизвика активност на неговиот  Instagram профил каде објави неколку видеа во кои ги спомна Олександр Усик, Ентони Џошуа, Енди Руиз и Џилеј Џанг.

„Ќе ги нокаутирам сите овие момци и подготвен сум да се борам. Не сум се борел од декември, но тоа не е моја вина. Сакав да се борам со џуџето Усик, но тој не сакаше да се бори“, започна бесниот Фјури, а потоа продолжи да „решета“.

„Се обидов да договорам меч против Ентони Џошуа, но и тој не сака да се бори. Се обидувам да се борам со сите, Енди Руиз побара 20 милиони долари. Лудо копиле, не знам кој ќе му даде толку. Кој е достапен? Можеби Џилеј Џанг? Подготвен сум да се борам со секого, во секое време, секаде. Едвај чекам да се борам со Усик, Еј Џеј, кој и да е. Ќе ве растурам, јас сум најјакиот тип во светот“, им порача на своите колеги боксери.

Меѓу другите, тој го спомна и подкастерот Џо Роган, кој во една од своите емисии спомна дека Британецот нема да може да му парира на Џон Џонс во ултимејт фајт октагон. Не требаше многу време за провокативен одговор до шампионот на УФЦ во тешка категорија.

„Еј, Тајсон. Изгледа Џо те чепна кадешто те боли. Ќе признаам дека си недопирлив во рингот, но да не го мешаме тоа со тоа што би се случило кога би стапнал во мојот кафез. Ако сакаш да решиш некои од твоите прашања, јави се кај Дејна. Ќе ти помогнам“, изјави Џонс, кој се обидува да го доведе Фјури во организацијата на УФЦ, алудирајќи на првиот човек на организацијата – Дејна Вајт.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Tyson Fury (@tysonfury)

реклама

Руска докторка открива која храна е „гориво за канцер“ по 40-тата година

Read more

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа сега има улица во Скопје

Read more

Снег во Шведска - 118 години тоа не се случило во овој период од годината

Read more

Зошто археолозите стравуваат да ја отворат гробницата на првиот кинески император?

Read more

Останати спортови

КОЛОРРАН – атлетска трка која станува скопска традиција

Read more

Цегај го урна светскиот рекорд на 5.000 метри

Read more

Шведски атлетичар го направи незамисливото: Дуплантис ги заобиколи законите на физиката

Read more

Анаконда зафат за спактакуларна УФЦ вечер

Read more
 

Спорт

Капело објасни зошто Јувентус има предност во трката за Скудетото

Читај повеќе

Дрес од МЗТ за градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс

Читај повеќе

И Интер добива сопственик од Блискиот Исток?

Читај повеќе

Хамилтон пред Јапонското ГП: Се надевам Ред Бул нема да биде 30 секунди пред сите

Читај повеќе

Невидена доминација на Интер над Милан во 2023 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Онана направи нов кикс, па се извини: Јас сум крив што загубивме од Баерн

Читај повеќе

Дембеле синоќа постави срамен рекорд во Лигата на шампионите

Читај повеќе

Зад голот на голманот на Лацио се крие интересна приказна

Читај повеќе

Откриена крими банда: Бугари и Романци на бизарен начин ги мамеле обложувалниците

Читај повеќе