ФК Пелистер потпиша договор за соработка со Бенфика

Општина Битола, сопственик на ФК Пелистер воспостави соработка со фудбалскиот клуб Бенфика од Португалија.

Официјалниот договор го промовираа градоначалникот Тони Коњановски и Мигел Риеш, менаџер на младинската фудбалската школа на Бенфика.

– Главната цел за сите нас е развојот на младите. Работам на развој на младите и тоа е главната можност која ја гледам за започнување на нови партнерства за соработка со Бенфика како и напредок и скаутирање на млади играчи. Ова исто така претставува наша цел и во Македонија. Идниот пат, ќе работиме заеднички со надеж дека ќе направиме одлична работа, со нови фази и нови деца кои ќе бидат дел од македонскиот национален тим како и тимот на фудбалскиот клуб Пелистер, истакна Мигел Риеш, менаџер на фудбалската школа на Бенфика.

Градоначалникот Коњановски најави дека идната година планирано е одржување на младински камп, со тренери од школата на Бенфика, што го отсликува новиот пристап на локалната самоуправа кон развојот на спортот во градот.

– За нас, ова значи многу, посебно во делот на соработката на младинските школи. Планираме идната година, прочуената фудбалска школа на Бенфика, да дојде тука, во организација на ФК Пелистер да се направи еден камп, кој ќе вклучува деца не само од Битола, туку и од регионот и пошироко. Тоа се нови искуства, нови предизвици за нас, нов пристап кон фудбалот, тоа е добро и за нашите тренери, посебно за градот, се надевам дека тоа би значело многу, посочи градоначалникот Коњановски.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Фудбал

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more
 

Спорт

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе