ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Флик: Му честитам на Лампард, има млад тим кој игра одлично

Тренерот на Баерн е импресиониран од работата и резултатите на Френк Лампард чиј што тим вечерва ќе го пречека неговиот Баерн.

Челси сезонава не се бори за титула во Премиер лигата, а во Лигата на шампионите сите му предвидуваат елиминација од Баерн. Но, Ханси Флик е претпазлив, младиот и полетен англиски тим е способен да направи доста проблеми.

„Морам да му упатам комплименти на Френк Лампард. Има млад состав кој е многу ладнокрвен на терен. Брзи се на контри веднаш гледајќи како да постигнат гол. Тие се тим кој може да ве стави под страшен притисок, особено кога играат дома“, вели Флик.

Еден од адутите на Германците е бразилскиот виртуоз Филипе Кутињо, кој игра топло-ладно.

„Секогаш сум изненаден кога гледам што Кутињо покажува на тренинг. Тој е фудбалски магионичар. Понекогаш самиот се става под голем притисок, секогаш сака да остави свој белег на натпреварот... Мислам многу на него и како играч и како личност“.

Баерн нема проблеми со постигнувањето голови бидејќи напред ја има полската машина Роберт Левандовски. Затоа, пак, одбраната често знае да прима голови.

„Ако не го рачунаме натпреварот со Лајпциг, ние дадовме гол на секој натпревар (во Бундеслигата). Во поглед на таа статистика сме импресивни. Очекувам и сега истото да продолжи. Нестрплив сум и да се појавам на овој стадион каде сум бил неколку пати, најскоро лани со Антрахт. Ќе биде посебен натпревар“, рече стратегот на Баерн.

„Левандовски е во животна форма, полн со самодоверба и пасија. Се надеваме дека ќе продолжи така и против Челси, тој е од огромна важност за нас“, заврши Флик.

реклама

Белград ќе оди под карантин, 272 заболени во еден ден во Србија

Read more

Трите најмрзливи хороскопски знаци

Read more

Излекуваните од COVID-19 може да имаат трајни оштетувања на мозокот

Read more

Дали сте доволно фит за ФБИ? Овој тест ќе ви го даде одговорот

Read more

Фудбал

Времеплов: 10 години од лудата одбојка на Луис Суарес

Read more

Исланд со спектакуларно видео го претстави новиот грб на репрезентацијата

Read more

ФФМ потврди, ќе се играат второлигашките баражи

Read more

Челси падна кај Вест Хем, Лестер продолжува да тоне

Read more

Спорт

Новак Ѓоковиќ повеќе нема коронавирус

Читај повеќе
  • play_arrow

Времеплов: 10 години од лудата одбојка на Луис Суарес

Читај повеќе
  • play_arrow

Исланд со спектакуларно видео го претстави новиот грб на репрезентацијата

Читај повеќе

ФФМ потврди, ќе се играат второлигашките баражи

Читај повеќе
  • play_arrow

Челси падна кај Вест Хем, Лестер продолжува да тоне

Читај повеќе
  • play_arrow

Интер броеше до 6, автогол го спаси Милан

Читај повеќе

Вардар доби тешка група во Лигата на шампионите

Читај повеќе

Го платија 120 милиони евра за да седи на клупа

Читај повеќе

Левандовски: Имаме големи шанси за триумф во Лигата на шампионите

Читај повеќе