Флорентино Перес, првиот човек на Реал Мадрид, ја одбил можноста да го врати во клубот долгогодишниот капитен Серхио Рамос.
По повредите на Едер Милитао, Дани Карвхал и Лукас Васкес, Реал ќе мора да се активира на пазарот во зимскиот преоден рок. Медиумите шпекулираа дека е можно Рамос да се врати на „Сантјаго Бернабеу“, но Перес воопшто не размислува на оваа тема.
Серхио Рамос за Реал одигра 671 натпревар. Постигна дури 101 гол и запиша 40 асистенции.
Според медиумите, во јануари Реал ќе донесе еден централен дефанзивец, а во игра се три имиња: Лапорт од Ал Наср, Лукеба од Лајпциг и Та од Баер Леверкузен.