Фокача од течно тесто со модар патлиџан и сирење

Оваа течна фокача од тесто со модар патлиџан и сирење е брзо и лесно јадење без месење, совршено за секој оброк.

Вкусна, едноставна и брза за подготовка, оваа фокача е совршен избор за секој оброк. Без месење или чекање тестото да нарасне, ќе добиете мека и ароматична пита со богат фил од модар патлиџан и сирење. Идеана е за појадок, ручек или лесна вечера.

Ако сакате поинтензивен вкус, во смесата додадете малку оригано или мајчина душица. Можете да користите кремасти сирења по избор, како што е рикота, а оригиналниот рецепт вели страчино или крешенца. За покрцкава кора, пред печењето посипете ја фокачата со пармезан и неколку капки маслиново масло.

Потребни состојки:

  • 1 модар патлиџан
  • 300 гр кремасто сирење
  • 1 праз или кромид
  • 1 чешне лук
  • пармезан по вкус
  • 1 чаша вода
  • 250 гр брашно
  • сол
  • бибер
  • маслиново масло

Подготовка:

Модриот патлиџан исечкајте го на тенки прстени и кратко пропржете го на маслиново масло, заедно со ситно сечканите праз (или кромид) и лук. Зачинете со сол и бибер. Кон крајот на пржењето додадете кремасто сирење и пармезан и оставете сѐ да се растопи.

Во сад измешајте ги брашното, водата, прстофат сол и малку маслиново масло. Мешајте додека не добиете мазна, течна смеса. Истурете го тестото во подмачкан плех, развлечете го и печете 7-10 минути на 200 степени. Потоа извадете го и премачкајте го филот и вратете го во рерна 20 минути додека не порумени. Сервирајте топла или ладна – фокачата е еднакво вкусна и кога е оладена.

Remote video URL
реклама

Колку пати неделно треба да имате секс за да спречите депресија?

Read more

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

Mercedes-Benz од 2026 година ќе започне со производство на автомобил со drive-by-wire систем

Read more

Зошто папата Франциск цело време одбиваше да ја посети Шпанија?

Read more

Рецепти

Најбрзата салата од варени јајца

Read more

За гурмани: Свински шницли со јаболка

Read more

Искористете ги велигденските јајца, додадете грашок и направете салата

Read more

Велигденски десерт: Неодоливи чоколадни гнезда

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Стјуардеса откри кој пијалак не го препорачува за консумирање во авион

Читај повеќе

Со една грешка се уништува автентичноста на шпагети болоњезе

Читај повеќе

Колку пати неделно треба да имате секс за да спречите депресија?

Читај повеќе

Не е само храната: Што може да ве спречи да изгубите тежина?

Читај повеќе

Кои витамини најчесто ни недостасуваат во пролет?

Читај повеќе

Кои хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа до крајот на април?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најбрзата салата од варени јајца

Читај повеќе

Како кревањето тегови помага да слабеете?

Читај повеќе

Здрава храна што не треба да ја јадете повеќе од еднаш неделно

Читај повеќе