Фокусот е на решение за името, а не на роковите, вели премиерот Заев

Скопје, 21 април 2018 (МИА) - Фокусот е ставен на решение за името, а не на рокови. Сега е вистинскиот момент да се најде решение. Влегуваме во самата суштина, во најсуптилните детали каде мора да бидеме креативни за да може двете страни да ги заштитиме, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата, премиерот Заев изрази уверување дека доколку продолжат разговорите во позитивен дух, ќе се најде решение.

- Мислам дека сега е вистинскиот момент да се најде решение каде сите партиципиенти во државата би застанале заедно зад нешто што е согласно сочувувањето на нашето достоинство и нашиот идентитет, а водејќи грижа и за достоинството на грчката страна, рече Заев, додавајќи дека многу е важно за Македонија процесот да биде решен пред се заради добивањето на датумот за почетокот на преговори со Европската унија.

Во однос на Самитот на НАТО, премиерот нагласи дека Македонија има условена автоматска покана за членство во Алијансата и доколку се најде решение за името, ќе почне процесот на ратификација на договорот за полноправно членство.

- Имаме условена автоматска покана. Не ни треба Самитот на НАТО за некој да одлучи за поканата за Македонија. Значи, ако на 7 мај објавиме решение и на 8 мај грчката Влада испрати писмо до генералниот секретар Столтенберг, почнува процесот на ратификација на договоорт за полноправно членство на Македонија во НАТО. Затоа поголем е фокусот на решението, отколку на рокови, рече Заев.

Се надева дека ќе одржи средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас што, како што посочи, ќе значи дека останале уште околу 10-тина проценти за решавање. 

- Министрите се тие кои влегуваат во сите детали и ако дојдат до таа можност, ние секако ќе седнеме. Верувам дека секоја средба е од помош и сето тоа може да значи исчекор кон конечното решение. Многу е важно двете страни да се разбереме, нагласи премиерот Заев.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе