„Фолтин“ одбележа 25 години од својот прв концерт

Фолтин, својот четврт век постоење викендов го одбележа со концерт на античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, истата локација каде точно пред 25 години започна приказната за оваа музичка петорка од Битола, која се стекна со светска слава.

Концертот беше музичко патување низ сите албумски изданија на овој бенд, а е завршница на низата промотивни концерти кои „Фолтин“ летово ги имаше низ земјава и во странство, како дел од промоцијата на последниот албум „Симултан бакнеж”.

Под ведро небо, на полна месечина, пред илјадна публика, и оние кои од почеток се почитувачи на музиката на „Фолтин“, но и многу нови генерации, уживаа во музичкиот омнибус, кој се посочува, само потврди дека овој бенд ќе остане со епитетот најарт бенд на овие простори.

„Човек е роден да памети. Роден со дарба за сеќавање, а добрите спомени го вадат најдоброто од нас. Ги чуваме за да нѐ крепат подоцна, да нѐ потсетат на тоа што ни недостасува, на тоа што веќе го нема, а ние не можеме без него. Затоа, добрите спомени се слават. Љубена битолска публико, заедно го прославивме сеќавањето на нашиот прв самостоен концерт со авторска музика, одржан на 16 август 1996 година, во Хераклеја. На овој 21 август, можевме да заклучиме само едно – четврт век е кратко за еден живот, но значајно долго за музички бенд и неговата верна публика“, велат од „Фолтин“.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Музика

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more

Бијонсе разголена за новиот албум

Read more

Како Фахрета Јахиќ стана Лепа Брена?

Read more

Северина: Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе