Фон дер Лајен го потсети Мицкоски: Треба да поминат уставните промени

Добро е да се слушне дека сте толку посветени на вашиот пристапен пат кон ЕУ. Северна Македонија постигна многу и покажавте одлучност во преземањето секој чекор. Сакам да ја пофалам Северна Македонија и да им одадам почит на луѓето. Сега работата навистина мора да продолжи, сакам да му оддадам почит и на фактот дека сте сто проценти усогласени со нашата надворешна и безбедносна политика и да ви се заблагодарам за поддршката за Украина, истакна претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.

„Имаме јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот фундаментални вредности што е можно побргу. Речиси сме таму, треба да поминат уставните промени, кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи, и со заеднички дијалог се надевам дека сите политички сили ќе се здружат во земјата и ќе ги преземат потребните одлучни чекори за напредок и уверена сум дека можеме да ги надминеме пречките што постојат,“ рече таа.

Го увери премиерот дека проширувањето ќе остане врвен приоритет за ЕК во следните пет години.

Зборувајќи за планот за раст за Западен Балкан, Фон дер Лајен истакна дека тоа е заеднички патоказ за да се интегрираат економиите, а вратата на единствениот европски пазар, како што рече, е отворена за одредени компании од Северна Македонија. За возврат, како што порача, ние треба да спроведеме важни реформи за да има изедначено поле за игра, а тоа ќе биде придружено, како што нагласи, со дополнителни инвестиции од ЕУ во Северна Македонија.

„Северна Македонија заврши навистина добра работа, имаме одлични реформи и треба да добиете повеќе од 750 милиони евра според планот за раст. Младите луѓе никогаш нема да ни простат ако не одговориме на предизвикот. Треба да направиме Северна Македонија да биде дел од ЕУ“, нагласи Фон дер Лајен.

реклама

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Read more

Од бизнисмен до командант: Милијардер ја формира најефикасната единица во Украина

Read more

Како да испечете сочен и крцкав помфрит во рерна?

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Македонија

Левица: Синот на газдата на „Пулс“ поднел тужба против осум лица за кршење на кафулето „Класик“

Read more

Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата

Read more

Променливо облачно време со дожд и снег, нов бран врнежи од вторник

Read more

МЗ: Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството

Read more
 

Вести

Спроведена симулација: Кој би победил во војна меѓу САД и ЕУ?

Читај повеќе
18 јануари 1862, починал Константин Миладинов

18 јануари 1862, починал Константин Миладинов

Читај повеќе

Левица: Синот на газдата на „Пулс“ поднел тужба против осум лица за кршење на кафулето „Класик“

Читај повеќе

Каков одговор планира ЕУ за Трамп во врска со Гренланд?

Читај повеќе
  • play_arrow

Поплави во Австралија, евакуации во Сиднеј

Читај повеќе

САД убија терорист поврзан со смртта на тројца Американци во Сирија

Читај повеќе

Од бизнисмен до командант: Милијардер ја формира најефикасната единица во Украина

Читај повеќе

Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата

Читај повеќе

Променливо облачно време со дожд и снег, нов бран врнежи од вторник

Читај повеќе