Фон дер Лајен за царините на Трамп: Сите ќе страдаат

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во видео обраќање на неколку јазици: англиски, германски и француски ги коментираше тарифите на Трамп.

Американските тарифи се „тежок удар“ за глобалната економија и Европската Унија подготвува контрамерки доколку преговорите не успеат, рече Фон дер Лајен.

„Веќе го финализираме првиот пакет контрамерки како одговор на царините за челик“, рече таа во изјавата прочитана во Самарканд, Узбекистан, пред Самитот на партнерството меѓу ЕУ и Централна Азија.

„Дополнително подготвуваме нови контрамерки за заштита на нашите интереси и нашите компании доколку преговорите не успеат“, заклучи таа.

Фон дер Лајен вели дека последиците од американските царини ќе бидат „огромни“.

„Глобалната економија ќе претрпи голема штета, неизвесноста ќе се зголеми и ќе се поттикне понатамошен протекционизам. Последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе ширум светот, особено за најранливите земји кои сега се предмет на највисоките американски царини“, рече Фон дер Лејен.

„Милиони граѓани ќе се соочат со повисоки сметки за намирници, лековите ќе поскапат, како и транспортот. Инфлацијата ќе расте“, рече таа.

Remote video URL
„Сите ќе страдаат“

На прес-конференција, таа додаде дека сите компании, „големи и мали, ќе страдаат уште од првиот ден“, погодени од прекини во синџирот на снабдување, поголема несигурност и тешка бирократија.

„Трошоците за водење бизнис со САД драстично ќе се зголемат“, рече таа.

„Покрај тоа, се чини дека нема ред во овој хаос. Нема јасен пат низ сложеноста и хаосот што ги погодува сите трговски партнери на САД“, истакна Фон дер Лајен.

„Ние сме обединети“

„Ако нападнете еден од нас, нè напаѓате сите нас“, рече Фон дер Лајен, нагласувајќи ја заедничката позиција на Европа.

„Заедно сме во ова: ако нападнете еден од нас, нè напаѓате сите нас“, рече Фон дер Лејен. „Нашето единство е нашата сила.“

Таа нагласи дека Европа „ќе стои со оние кои се директно погодени“, истакнувајќи претходно дека некои од најранливите земји во светот го носат товарот од високите царини.

„Европа е обединета - за бизнисите, за граѓаните и за сите Европејци. Ќе продолжиме да градиме мостови со сите оние кои, како нас, се грижат за правичната трговија заснована на правила како основа за просперитет“, рече Фон дер Лајен.

Потсетуваме дека Трамп претходно најави минимална царина од 10% за повеќето стоки увезени во Соединетите Американски Држави, со повисока стапка од 20% за Европската Унија, што дополнително ја интензивира глобалната трговска војна која се заканува да ја зголеми инфлацијата и да го забави економскиот раст во САД и во светот. Македонија доби 33%.

реклама

Русија гради нуклеарен контејнерски брод за арктичкиот коридор

Read more

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Read more

Додека другите војуваат, Кина воведува закон за „етничко единство“

Read more

Русите не се плашат од бомби: Продолжуваат да градат нуклеарки во Иран

Read more

Свет

Санчес не му крева на Мерц: Биравте погрешен број

Read more

Русија гради нуклеарен контејнерски брод за арктичкиот коридор

Read more

Русите не се плашат од бомби: Продолжуваат да градат нуклеарки во Иран

Read more

Португалски полицајци осомничени за мачење и силување, деветмина во притвор

Read more
 

Вести

Санчес не му крева на Мерц: Биравте погрешен број

Читај повеќе

Русија гради нуклеарен контејнерски брод за арктичкиот коридор

Читај повеќе

Насилство меѓу малолетници-чираци во берберница во Арачиново

Читај повеќе

Извлечено тело на жена од Вардар во Скопје

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе

Русите не се плашат од бомби: Продолжуваат да градат нуклеарки во Иран

Читај повеќе

Португалски полицајци осомничени за мачење и силување, деветмина во притвор

Читај повеќе

166 милиони денари повеќе во буџетот на Скопје: Кружен тек кај Народна банка, две катни гаражи во Клинички

Читај повеќе
  • play_arrow

Тетовецот Рене Реџепи се повлекува од Noma, го обвинуваат за малтретирање на вработените

Читај повеќе