Фондацијата „Славко Јаневски“ задоволна од именувањето негова улица

Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го изрази своето задоволство од одлуката на Град Скопје една улица во централното градско подрачје да го носи името токму на Славко Јаневски, секако еден од најголемите корифеи на македонската култура и еден од втемелувачите на современиот македонски идентитет.

„Името на Славко Јаневски последните десетина години беше во континуитет изложувано на политичка дефамација, со тенденција авторот на првиот македонски роман, наместо да влезе како бележит симбол на македонската колективна меморија, тој да помине во колективен заборав. Во таа смисла, ја поздравуваме и поддржуваме оваа одлука на актуелната владејачка гарнитура на Град Скопје, сметајќи ја за мал, но вистински чекор за зачувување на ликот и делото на овој великан“, соопшти фондацијата.

Романот „Село зад седумте јасени“ издаден во 1952 година е прв роман објавен на стандарден македонски јазик. Јаневски припаѓа на првата генерација македонски писатели по Втората светска војна, која ги поставила темелите на современата македонска книжевност.

„Затоа го охрабруваме Град Скопје, но и другите одговорни фактори да продолжат во оваа насока за негување на сопствените цивилизациски дострели. Истовремено, Фондацијата изразува подготвеност, во зависност од потребите и во зависност од сопствените капацитети, да помогне во реализацијата на овие процеси“, додаваат.

Славко Јаневски е роден ан 11 јануари 1920 година во Скопје, а почина на 20-ти истиот месец, во 2000 година.

Од 1945 година бил уредник на првиот македонски весник за деца „Пионер“, а потоа бил главен уредник на повеќе книжевни списанија, како и уредник во издавачките куќи „Кочо Рацин“, „Наша книга“ и „Македонска книга“.

Во 1946 година, во Скопје, Славко Јаневски, Блаже Конески, Ацо Шопов, Владо Малески и Коле Чашуле го формирале Друштвото на писателите на Македонија, кое тогаш броело 7 члена. Потоа, Јаневски бил и претседател на Друштвото. Исто така, тој бил член на Македонскиот ПЕН центар, претседател на Советот на СВП, како и член на МАНУ од нејзиното основање во 1967 година.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more
 

Вести

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе