Свет

Forbes: Ангела Меркел најмоќна жена во 2019 година

12. декември 2019 - 14:36 | МИА

Њујорк, 12 декември 2019 (МИА) – Германската канцеларка Ангела Меркел ја предводи листата на Forbes за „Најмоќна жена во 2019“. Секоја година магазинот објавува листа составена од највлијателните женски лидери во светот, од областа на бизнисот, политиката и забавата.

Меркел веќе деветта година по ред ја предводи листата на Forbs за најмоќна жена, а изданието ја пофали „нејзината челична резервираност, од тоа да се спротивстави на Доналд Трамп до тоа да дозволи влез на повеќе од милион сириски бегалци во Германија“.

На второ место на листата е претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард, која претходно беше директорка на Меѓународниот монетарен фонд. Зад неа е Ненси Пелоси, која е првата жена – претседателка на американскиот Конгрес од 2007 година.

Тинејџерката Грета Тунберг, која Time ја прогласи за личност на годината, на листата на Forbes е на 100. место. 

Коментирај