Forbes и годинава објави листа со највредни спортски клубови во светот, а петта година по ред на прво место е екипата Далас Каубојс, чија вредност се проценува на 5,5 милијарди долари.
Потоа следи бејзбол тимот на њујоршките Јенки со пет милијари, а потоа три НБА клубови: Никс (4,6 милијарди долари), ЛА Лејкерс (4,4) и Голден Стејт Вoриорс (4,3 милијарди).
Три европски фудбалски клубови се меѓу првите десет на листата на Forbes – Реал Мадрид со 4,24 милијарди, Барселона со четири милијарди и на 10. место е Манчестер Јунајтед со 3,8 милијарди долари.