Forbes ја објави листата на најмоќни жени во 2020, меѓу нив и се и најбогатите во светот

Магазинот Forbes ја објави листата на стоте најмоќни жени за 2020 година, а на неа се најдоа и најбогатите жени во светот. Германската акнцеларка Ангела Меркел, по  десетти пат, е на првото место на листата.

По неа следи Кристин Лагард, шефицата на Европската централна банка. На третото место е Камала Харис, новата потпретседателка на САД, која за првпат е на листата на Forbes.

На четвртото место е претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, а на 18-то место е директорката на ММФ, Кристалина Георгиева.

Најмоќните жени на новата листа на Forbes доаѓаат од 30 земји, а меѓу нив има и 10 шефици на држави и 38 од деловниот свет.

На листата се и  имињата на најбогатите жени, чие богатство е проценето на милијарди долари. Абигејл Џонсон, извршна директорка на финансискиот фонд Fidelity Investments, е на деветтото место на листата најмоќни жени. Нејзиното богатство се проценува на 15 милијарди долари. Покрај неа, на листата е и поранешната извршна директорка на Oracle, Сафра Кац чие богатство е проценето на 1,2 милијарди долари.

Познатата водителка Опра Винфри е на 20 место, а нејзиното богатство е проценето на 2,6 милијарди долари.

Шерил Сендберг е на 22 место кога станува збор за најмоќните жени во 2020 година, а на листата е и Мекензи Скот, поранешната сопруга на Џеф Безос. Нејзиното богатство е проценето на скоро 60 милијарди долари.

На листата најмоќни жени за 2020 година се и сопругата на милијардерот Бил Гејтс, Мелинда Гејтс, кралицата Елизабета Втора, претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, премиерката на Нов Зеланд, Џacинда Ардерн, пејачките Ријана и Бијонсе и други.

URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе