Живот

Forbes: Најплатените ѕвезди во 2018 година

11. јули 2019 - 15:33 | Б.С.Б.

Магазинот Forbes  ја објави новата листа на најдобро платени славни личности во 2018 година. На првото место е 29-годишната Тејлор Свифт, со заработка од неверојатни 185 милиони долари.

За одличната заработка на Свифт најзаслужна е големата светска турнеја Reputation, која стана најисплатлива американска турнеја во историјата. Пејачката ја напушти издавачката куќа Big Machine records и започна своја, а нејзиниот сингл „ME!“ урна рекорди на YouTube, со 100 милиони прегледи во 79 часа.

На второ место е 21-годишната Кајли Џенер која заработи 170 милиони долари, а е прогласена и за најмлада изворна милијардерка во историјата. Нејзината компанија тежи околу милијарда долари, а Кајли има 100 проценти од акциите и благодарение на социјалните мрежи не троши ни долар на маркетинг.

На трето место е Канје Вест кој заработи 150 милиони долари. Вкупното негово богатство се проценува на 290 милиони долари.

Ова е листата на Forbes, за славни личности со најголема финансиска добивка во изминатата година:

1. Тејлор Свифт - 175 милиони

2. Кајли Џенер – 170 милиони

3. Канје Вест – 150 милиони

4. Лео Меси – 127 милиони

5. Ед Ширан – 110 милиони

6. Кристијано Роналдо – 109 милиони

7. Нејмар – 105 милиони

8. Д Иглс – 100 милиони

9. Доктор Фил – 95 милиони

10. Канело Алварез – 94 милиони долари.

Коментирај