Формирана шпанската Влада, Македонија на чекор до НАТО

Мадрид, 7 јануари 2020 (МИА) – Парламентот на Шпанија денеска му даде поддршка на лидерот на социјалистите Педро Санчез за формирање на коалициска влада, со што се става крај на речиси едногодишната политичка криза во четвртата по големина економија во еврозоната.

Формирањето на шпанската Влада ќе го отвори патот за ратификација на протоколот за членство во НАТО со што нашата држава ќе стане 30-та членка на Алијансата.
 
Заменикот министер за надворешни работи Андреј Жерновски, на  го поздрави изборот на шпанската Влада.
 
– Добра вест од Мадрид! Штотуку е изгласана новата Влада во Шпанија. Честитики до премиерот Санчез, објави Жерновски на Facebook.
 
Лидерот на социјалистичката партија на Шпанија Педро Санчез денеска доби поддршка со 167 гласа во 350-члениот шпански Парламент за формирање на коалициска Влада со левичарската партија Подемос.

Во неделата, во првиот круг гласање, коалицијата на Санчез не доби поддршка од повеќе од 176 пратеници, па денеска во вториот круг на гласање, беа доволни повеќе гласа „за“ од „против“.

Социјалистите на Санчез победија на изборите во април минатата година, но тој не доби доволно гласа за самостојно формирање влада. Откако не доби поддршка од останатите партии во ноември се одржаа нови, вонредни избори, на кои беа постигнати слични резултати, по што социјалситите на Санчез формираа коалиција со помалата левичарска партија Подемос со кои заедно имаат вкупно 155 пратеници.

За десет месеци Протоколот за пристапување во НАТО го ратификуваа 28 од вкупно 29 членки, а приемот на Северна Македонија како 30.членка на НАТО е извесно, влезот е само формалност, бидејќи одлуката и согласноста од 29 земји-членки е веќе дадена.
 
Од наша страна, пак Предлог-законот за ратификација веќе е во собраниска процедура. Владата кон крајот на минатиот месец се одлучи за предвремена ратификација кај нас, со цел да не се загуби континуитетот во процесот на официјализирање на нашето членство со оглед на тоа што земјава оди на предвремени избори на 12 април, а Парламентот се распушта на 11 февруари. 
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Свет

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Read more

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Read more

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе