Ф1
Има промени

Формула 1 претстави три концепти како ќе изгледа болидот во 2021

14. септември 2018 - 15:54 | Б.С.Б.

Спортскиот и технички директор на Формула 1, Рос Браун ги претстави првите фотографии од следната генерација на болиди. Станува збор за три концепти кои ги разви аеродинамичката група на Формула 1, со помош на дизајнери.

„Работевме на новиот автомобил повеќе од 12 месеци. Естетиката на автомобили за мене е многу важна. Мислам дека сите се сложуваме за одличниот изглед на болидот“, изјави Браун.

Новиот дизајн вклучува поголеми тркала, помал профил на гумите и ревидирана верзија на хало системот за заштита, што е веќе интегриран во дизајнот.

Коментирај