Првиот глобален производител на електрични тркачки автомобили, Formula E, пред публиката во Гудвуд го покажа новиот адут – тркачкиот SUV наречен Odyssey 21. Иако уште е во фаза на прототип, една работа е повеќе од јасна: овој автомобил ќе биде вистински хит.
Како прво, Odyssey 21 е огромен. Има 37-инчни тркала кои се прикачени на тело со димензии од 2,3 метри (ширина), 1,9 метри (висина) и 4,4 метри (должина), а тежи масивни 1.650 килограми.
Сите овие пропорции звучат како да зборуваме за тенк, но публиката во Гудвуд доби шанса да го види автомобилот како забрзува од 0-100 км/ч за само 4,5 секунди. Благодарение на моќноста од 550 коњски сили, брзината за Odyssey 21 е многу лесна задача за решавање.
Моделот Odyssey 21 е дизајниран со цел да учествува во новото натпреварување наречено Extreme E, кое ќе биде составено од автомобили со електричен погон. Тие ќе се натпреваруваат на далечни локации со „загрозени екосистеми“, а намерата позади тоа е да се стави во фокус ефектот и важноста на климатските промени.
До крајот на март 2020 година, производителот Spark Racing Technology ќе испорача 12 финални верзии на моделот Odyssey 21, a Extreme E ќе започне на стартот на 2021 година.
Odyssey 21 е навистина импресивен – изгледа како гепард во тело на слон, но стилскиот избор на неговите дизајнери направија тој да биде доволно атрактивен за да биде допадлив за сечие око.