Убавините на Мадејра
Мадејра е името на португалскиот архипелаг во Атлантскиот Океан составен од неколку групи на острови.
Португалските морепловци во Мадејра дошле во 1419 година и веќе од наредната година почнале да ја населуваат. Има вкупна површина од 801 км² каде живеат околу 250 илјади жители, речиси сите етнички Португалци. Веројатно најпознатата личност од Мадејра е Кристијано Роналдо, кој е роден токму на најголемиот остров во овој архипелаг.
Геолошки, Мадејра се наоѓа на африканската тектонска плоча, но политички и културолошки припаѓа на Европа. Најразвиена гранка е туризмот, а меѓу странците многу се популарни локалните вина, храната и богатата флора и фауна.