Убавините на Вануату
Вануату е независна островска држава сместена на истоимениот архипелаг во регионот Меланезија во Тихиот Океан. Од североисточниот брег на Австралија се оддалечени 1750 километри.
Се простира на 83 релативно мали острови, од кои 65 се ненаселени, а вкупната територија е 12.189 км². најголем остров е Еспириту Санту со речиси 4 илјади км², скоро двапати поголем од вториот по големина, Малакула. Главен град е Порт Вила.
Живеат 336 илјади жители, од кои 98,5% се Вануаќани, кои зборуваат на бислама јазикот, креолски јазик заснован на англискиот. Официјални јазици се и англиски и француски. Главна религија е христијанството.