Прошетка низ новите ВАР соби на ФФМ
Фудбалската федерација на Македонија денеска за новинарите организираше прошетка и презентација на новите соби за ВАР системот.
ВАР ќе се применува во 1.МФЛ од новата сезона 2025/2026, а опремата е веќе подготвена и инсталирана. ВАР судиите и техничкиот персонал на располагање го имаат дел од приземјето во левата зграда на ФФМ, каде што порано беше академијата. Покрај собите со скапата техника, на располагање е и тоалет, кујна, просторија за одмор и релаксација, како и тераса.
Фото: Филип Здравески (Кајгана)