Skip to main content
Насловна

Featured Main Menu

  • Вести
  • Спорт
  • Магазин
  • Гик
  • Форум
search

Main navigation

  • Вести
    • Македонија
    • Свет
    • Регион
    • Бизнис
    • Култура
    • Хроника
  • Фото
    • Вести
    • Бејбс
    • Спорт
    • Автомобили
    • Маркетинг
    • Уметност
    • Останато
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Ф1
    • Тенис
    • Останати спортови
  • Сцена
    • Филм & ТВ
    • Рецензии
    • МК сцена
    • Музика
  • Автомобили
    • Авто новости
    • Возевме
    • Концепти
    • Мотори
  • Магазин
    • Пробавме
    • Љубов и секс
    • Здравје
    • Живот
    • Фит
    • Стил
    • Архитектура
    • Книги
    • Чек дис аут
    • #мкфејл
    • Рецепти
  • Видео
    • Забава
    • Спорт
    • Музика
    • Авто-мото
    • Наука и технологија
    • Реклами
    • Останато
  • Гик
    • Вести
    • Интервјуа
    • Гејминг
    • Интернет
    • Мобилни
    • Наука
    • Рецензии
    • Софтвер
    • Фото
    • Хардвер
  • Интервју
  • Теми и коментари
  • Форум
  • Промо
реклама

1 мај 1889: За прв пат се одбележал 1 Мај - Денот на трудот

Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.

Се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден, била употребена сила од страна на полицијата, при што имало и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот биле изведени на суд, при што четворица од нив биле погубени.

Во знак на почит кон жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот основачки конгрес во 1889 донела декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба. Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знак на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот.

Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот, пред сè во комунистичките и поранешните комунистички и социјалистички земји. Во Македонија, Меѓународниот ден на трудот има статус на празник. До 2006 година се празнуваше 2 дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден - 1 мај.

Вести

17 мај 1395, загинал Крале Марко

Read more

16 мај 1975, Јунко Табеи станала првата жена која го освоила Еверест

Read more

15 мај 1935: Отворено било Московското метро

Read more

14 мај 1948: Создадена била државата Израел

Read more