











12 април 1961, Гагарин станал првиот човек во вселената
Пред 62 години Јуриј Гагарин станал првиот човек кој заминал во вселената, најавувајќи нов мегдан во Студената војна помеѓу СССР и САД.
Селекцијата на кандидат за програмата наречена „Восток-1“ траела долго и вклучувала 154 квалификувани пилоти предложени од воздухопловните сили на СССР. Воените физичари потоа одбрале 29 кандидати за космонаут, од кои 20 биле одобрени од Владата. Кандидатите почнале со тренинзи на 15 март истата година, а тренинзите наликувале како да се подготвуваат за настап на Олимпијада. До јануари 1961 кандидатите се намалиле на 4: Андријан Николајев, Павел Попович, Герман Титов и Гагарин кој од претходно бил омилен кај претпоставените. На 8 април 1961 Гагарин бил избран како космонаут со Титов каков негов заменик.
На денешен ден во 7 часот и 7 минути утрината по средноевропско време од космодромот „Бајконур“ во советската република Казахстан било лансирано вселенското летало Восток-1. Во него, Гагарин станал прв човек кој патувал во вселената. После 108 минути патување, Гагарин успешно се спуштил во Казахстан, според планираното, со падобран откако дошол на височина од 7.000 метри.
Роден на 9 март 1934 година во Клушино, Јуриј Алексејевич Гагарин го запишал своето име во светската историја, а трагично загинал на 27 март 1968 откако со својот МиГ-15УТИ се урнал при рутински лет.