15 јануари 2001, лансирана била онлајн енциклопедијата Wikipedia
На денешен ден пред 25 години проработе првата онлајн слободна енциклопедија, наречена Wikipedia.
Основана од Џими Велс и Лари Сангер, од кои вториот ѝ го дал името кое е кованица од хавајскиот збор wiki кој значи „брз“ и encyclopedia. Првично, имала само англиска верзија, но набрзо никнувале и други верзии, па така денес е достапна на 342 различни јазици.
Wikipedia ја краси тоа што секој може да предложи промена и да учествува во пишувањето на статии, а целата енциклопедија е некомерцијална и нема реклами.