Skip to main content
Насловна

Featured Main Menu

  • Вести
  • Спорт
  • Магазин
  • Гик
  • Форум
search

Main navigation

  • Вести
    • Македонија
    • Свет
    • Регион
    • Бизнис
    • Култура
    • Хроника
  • Фото
    • Вести
    • Бејбс
    • Спорт
    • Автомобили
    • Маркетинг
    • Уметност
    • Останато
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Ф1
    • Тенис
    • Останати спортови
  • Сцена
    • Филм & ТВ
    • Рецензии
    • МК сцена
    • Музика
  • Автомобили
    • Авто новости
    • Возевме
    • Концепти
    • Мотори
  • Магазин
    • Пробавме
    • Љубов и секс
    • Здравје
    • Живот
    • Фит
    • Стил
    • Архитектура
    • Книги
    • Чек дис аут
    • #мкфејл
    • Рецепти
  • Видео
    • Забава
    • Спорт
    • Музика
    • Авто-мото
    • Наука и технологија
    • Реклами
    • Останато
  • Гик
    • Вести
    • Интервјуа
    • Гејминг
    • Интернет
    • Мобилни
    • Наука
    • Рецензии
    • Софтвер
    • Фото
    • Хардвер
  • Интервју
  • Теми и коментари
  • Форум
  • Промо
Раде Јовчевски
Мртвото тело на херојот Корчагин на улиците во Маџир Маало
Споменик кај Народна Банка на местото каде што била куќата на Корчагин
Скопската гимнација „Раде Јовчевски-Корчагин“
Споменик на Корчагин во дворот на истоимената гимназија
реклама

20 февруари 1943, бугарските окупатори го убиле Корчагин

На денешен ден во 1943 година бил убиен македонскиот и југословенски народен херој Раде Јовчевски, наречен Корчагин, од страна на бугарската полиција за време на окупацијата на Македонија.

Со само 20 години се вклучил во народно-револуционерната борба по окупацијата на Македонија и активно делувал. За неговата глава Бугарите распишале награда од 150 илјади лева. Вечерта на 20 февруари 1943 година, Раде заедно со останатите активисти сакале да се префрлат во куќата на Јорда Нешевска, денес во скопско Маџир Маало. Без нивно знаење биле предадени и куќата била опколена од бугарската полиција. Полицијата почнала да ги гони активистите, а во тие бркотници Раде обидувајќи се да прескокне ограда бил ранет. Така ранет немилосрдно бил убиен од бугарската полиција со неколку куршуми и со извикот: „Еве ти ја слободата и човечките правдини“.

Со указ на Тито бил прогласен за народен херој на 8 октомври 1953 година. Во негова чест средното училиште во населбата Пролет во Скопје го носи неговото име.

Прекарот Корчагин го добил додека работел како кожар во Белград, а според ликот Павел Корчагин од романот „Како се калеше челикот“ на рускиот писател Николај Островски.

Вести

7 октомври 2001: САД ја почнале инвазијата врз Авганистан

Read more

6 октомври 1014: Умрел царот Самоил

Read more

4 октомври 1957: Лансиран првиот вештачки сателит Спутник-1

Read more

3 октомври 1990: Се обединила Германија

Read more