24 септември 2015: Над 2 илјади загинале во стампедо во Мека
За време на годишниот аџилак во муслиманското светилиште Мека, во стампедо загинале дури 2.431 лице.
Стампедото се случило во населбата Мина и тоа на пресекот помеѓу улиците „204“ и „223“ кои водат кон мостот „Џамараат“. До ден денес не се знаат точните причини зошто настанало стампедото кое резултирало со толкав број на мртви.
Најголем број на жртвите биле од Иран и тоа 464, а потоа од Мали 312. Саудиските власти никогаш не ја признале бројката на загинати и сѐ уште тврдат дека загинале „само“ 769 лица. Тоа и дополнително ги влошило односите на Саудиска Арабија и Иран кои и онака биле кревки поради војните во Сирија и Јемен.