Skip to main content
Насловна

Featured Main Menu

  • Вести
  • Спорт
  • Магазин
  • Гик
  • Форум
search

Main navigation

  • Вести
    • Македонија
    • Свет
    • Регион
    • Бизнис
    • Култура
    • Хроника
  • Фото
    • Вести
    • Бејбс
    • Спорт
    • Автомобили
    • Маркетинг
    • Уметност
    • Останато
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Ф1
    • Тенис
    • Останати спортови
  • Сцена
    • Филм & ТВ
    • Рецензии
    • МК сцена
    • Музика
  • Автомобили
    • Авто новости
    • Возевме
    • Концепти
    • Мотори
  • Магазин
    • Пробавме
    • Љубов и секс
    • Здравје
    • Живот
    • Фит
    • Стил
    • Архитектура
    • Книги
    • Чек дис аут
    • #мкфејл
    • Рецепти
  • Видео
    • Забава
    • Спорт
    • Музика
    • Авто-мото
    • Наука и технологија
    • Реклами
    • Останато
  • Гик
    • Вести
    • Интервјуа
    • Гејминг
    • Интернет
    • Мобилни
    • Наука
    • Рецензии
    • Софтвер
    • Фото
    • Хардвер
  • Интервју
  • Теми и коментари
  • Форум
  • Промо
реклама

25 јули 1984, Светлана Савицкаја станала првата жена која прошетала во вселената

На денешен ден, 25 јули, во 1984 година, советската космонаутка Светлана Савицкаја станала првата жена која излегла и прошетала надвор од леталото во вселената. Таа била надвор од леталото Союз Т-12 повеќе од 3 часа, заедно со колегата Владимир Џанибеков.

Светлана Јевгењевна Савицкаја, родена на 8 август 1948 година во Москва, исто така е втората жена која била во вселената, 1982 година, додека прва била Валентина Терешкова.

Покрај студиите на факултетот за авиоинженерство била и пилотка, и тоа многу успешна. На авиомитингот во 1970 година била светски шампион со 23 брзински рекорди и 3 рекорди во скокање со падобран. Обука за космонаут посетувала во 1980 година. Вкупно имала две мисии во вселената. Нејзината прва мисија била на 19 август 1982 со Союз Т-5, а втората 17 јули 1984. Вкупно во вселената поминала 19 дена, 17 часа и 6 минути.

Имала во план уште две мисии, во 1985 и 1986 година, но првата била откажана, а ја пропуштила другата заради нејзината бременост. Се пензионирала во 1993 година кога имала чин мајор.

Савицкаја е двапати добитник на орденот Херој на СССР. Астероидот 4118 Света е наречен по неа.

Вести

14 јануари 2005, сондата Huygens го направила најдалечното слетување од Земјата

Read more

13 јануари 1128: Темпларите станале Божја армија

Read more

12 јануари 2010, разорен земјотрес го затрупал Хаити

Read more

11 јануари 1886, одржан првиот натпревар за светски првак во шах

Read more