29 мај 1453: Падот на Константинопол
По 55 денови опсада почнувајќи од 6 април 1453 година, Османлиите ноќта меѓу 28 и 29 мај го задале последниот удар на византиската престолнина.
Отоманска армија, која значително ги надминувала бранителите на Константинопол, била командувана од 21-годишниот султан Мехмед II (подоцна наречен Освојувачот), додека византиската армија била предводена од царот Константин XI Палеолог. По освојувањето на градот, Мехмед II го направил Константинопол нова отоманска престолнина, заменувајќи го Адријанопол.
Мехмед II им дал на своите војници три дена да го ограбуваат градот, како што им ветил и во согласност со обичајот од тоа време. Веќе до пладне на 29 мај градските улици биле исполнети со крв.
При опсадата загинале околу 18 илјади османлиски војни, како и 4.500 визнатиски. Проценките се дека од 30 до 50 илјади жители на градот биле однесени како робови.
Самиот Мехмед наредил црквата Света Софија да биде претворена во џамија, но на Грчката православна црква ѝ било дозволено да продолжи да дејствува.