Фотограф ја посведочи смртта на остарен и изгладнет лав

Фотографии од изгледнет лав во националниот парк Кругер во Јужна Африка снимени непосредно пред неговата смрт ја вознемирија јавноста.

Неговите последни мигови ги забележа Лери Ентони Панел од Калифорнија кој на неговиот блог опиша како изгледала неговата средба со лавот. Тој вели дека го здогледал токму во моментот кога лавот нашол дупка со вода во земјата.

„Додека пиеше вода се бореше да остане на нозе. Во тој момент беше кожа и коски“, раскажува Панел.

Додека се обидувало да се оддалечи, несреќното животно се тетеравело и застанувало на неколку чекори за да земе воздух.

„Тоа очигледно беа неговите последни денови“.

Некое време подоцна Лари се вратил на местото каде последен пат го видел лавот, овојпат со пријател.

„Го најдовме како лежи на тревата, исцрпен и неспособен да се движи. Бевме на метар и пол оддалеченост од него додека умираше во сенката на едно дрво. Ги спуштивме фотоапаратите и се погледнавме во очи. Сакав да знае дека нема да умре сам. Следеше неговиот последен здив. Кралот беше мртов“, раскажува тој.

„Знаев дека сум сведок на нешто многу специфично и природно.“

За разлика од другите мачки, лавовите се единствените големи мачки што живеат во семејно опкружување. Кога ќе постигнат длабока зрелост, мажјаците се истеруваат или самоволно го напуштаат чопорот, што најверојатно се случило со овој лав. Остарени и оттуѓени од семејството, лавовите не ловат и умират од глад.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Живот

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе